Пред точно една година, овде во Давос, со премиерот на Република Грција, господинот Алексис Ципрас, за првпат направивме средба и ја отворивме иднината за нашата земја.

Објавил: Перо Милчин | 24 јануари, 2019 18:05

Заев од Давос : “Заедно со Ципрас ја отворивме иднината на нашата земја”

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Премиерот Зоран Заев денеска од Давос рече дека пред една година на Светскиот економски форум е отворена иднината за Македонија, откако тој и грчкиот премиер Алексис Ципрас лани во швајцарското одморалиште ги поставија контурите на Договорот од Преспа.

Премиерот учествуваше на панел дискусии и оствари многубројни средби во рамките на работната политичка и економска агенда, за време на учеството на Светскиот економски форум.

Тој изјави дека се остварени многу средби со претставници на компании од Западна Европа, од Југоисточна Европа, но и од Блискиот Исток, а, како што рече, се надеваат на средби дури и со компании од Кина, Кореја, Јапонија, САД.

-Целата наша задача е да ги мотивираме колку што може повеќе компании да имаат фокус кон Македонија. Сега и амбиентот е поинаков, сите знаат дека Македонија е безбедна и стабилна земја, идна или следна членка на НАТО Алијансата, земја со перспективи кои што очекуваат да отворат поглавја со Европската унија.

– Пред точно една година, овде во Давос, со премиерот на Република Грција, господинот Алексис Ципрас, за првпат направивме средба и ја отворивме иднината за нашата земја. Постигнавме договор за иднината на Македонија. За сегашните и идните генерации ги отворивме портите за надежна и перспективна иднина на нашите граѓани. Еве сега, после една година сум овде со потпретседателот за економски прашања на Владата на Република Македонија, господинот Кочо Анѓушев, и со министерот за економија, господинот Крешник Бектеши, влезени комплетно и целосно во економска агенда. Овде, оваа година ги отвораме економските врати за перспективната иднина на нашата земја, Република Македонија, истакна Заев во изјавата по првиот работен ден од Светскиот економски форум.

-Ја користиме токму оваа прилика да ги оствариме состаноците коишто се вредни за Македонија и коишто треба да донесат бенефит преку инвестициите. Зборуваме на состаноци и со Гугл, и со Циско и со Филипс, и со Сан Груп од Индија, и со многу други компании од автомобилската индустрија, од техничките индустрии, коишто имаат интерес во целиот овој наш регион, па и во нашата земја Република Македонија, нагласи Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.