Храбрите борци за слобода во 1941 година организарани во партизанските едници го создадоа делото наречено македонска држава во виорот на Втората светска војна. Во тие пресвртни настани во светската истрија, како резултат на востанието се роди и македонската држава, рече Заев.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 октомври, 2019 12:47

Заев од Куманово: На овој ден се роди македонската држава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот премиер Зоран Заев по повод денот на народното востание 11 октомви имаше свое обраќање во Куманово. Тој на денешното обраќање по повод големиот празник 11 Октомври од Куманово порача дека на овој ден во 1941 година бил означен почетокот на завршните процеси за впишување на македонската држава на мапата на народите во светот.

Премиерот Заев со свое обраќање од Куманово по повод 11 октомври фото Курир.мк

-На 11-ти октомври беше означен почеток на завршните процеси на впишување на македонска држава на мапата на народите во светот. Тоа утро пламна искрата нашата земја да биде дом на слободата победник над окупацијата. На тој начин малата земја Македонија стана едно со светскиот победнички сојуз против фашизмот. Храбрите борци за слобода во 1941 година организарани во партизанските едници го создадоа делото наречено македонска држава во виорот на Втората светска војна. Во тие пресвртни настани во светската истрија, како резултат на востанието се роди и македонската држава, рече Заев.

Тој додаде дека сега е време после сите искушенија, да направиме дом за сите и да учиме и од доброто и од лошото.

Видео честитка по повод празникот објави и претседателот на државата Стево Пендаровски кој истакна дека секоја генерација носи одлуки кои ја одредуваат судбината на народот и иднината на државата. Споредувајќи ги и вреднувајќи ги историските епохи, нашата антифашистичка генерација сигурно се издвојува според маркантноста на своето дело.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.