Од Охрид, сите присутни испраќаме јасна порака дека преку заедничка координација и активности практикуваме европски манири - дома, зајакнувајќи ги европските вредности и градиме Балкан за 21 век.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 ноември, 2019 10:54

ЗАЕВ ОД ОХРИД: Со лидерите ги зајакнуваме европските вредности и градиме Балкан за 21 век!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев е главен домаќин на трилатералната работна средба на лидерите од Западен Балкан што започна во Охрид. 

Во Охрид вчера пристигнаа претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама.

Тие ќе ја презентираат вчера утврдената декларација со листа на приоритети и мерки за подобрување на регионалната соработка и за остварување на заедничката цел, членство во ЕУ, пред Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора Драгица Секулиќ.

Го започнавме состанокот со лидерите на Западен Балкан, со цел подобрување на регионалната соработка и остварување на заедничката цел – членство во ЕУ, напиша Заев. Од Охрид, сите присутни испраќаме јасна порака дека преку заедничка координација и активности практикуваме европски манири – дома, зајакнувајќи ги европските вредности и градиме Балкан за 21 век. Регион на стабилност и просперитет.

Главни теми на лидерите од Западен Балкан ќе бидат инцијативата за воспоставување поинтензивна економска соработка на државите од Западен Балкан и најавуваниот договор мал шенген.

Според протоколот предвидено е одржување на пленарна сесија на државните делегации со претставници на меѓународни организации и институции, меѓу кои, Европска банка за обнова и развој, Регионален совет за соработка, Европска комисија, Светска банка и Европска инвестициска банка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести