„Индустријата расте над 8 проценти, приходите во Буџетот се зголемени за повеќе од 10 проценти од лани и сето ова е доказ дека економијата живее.

Објавил: Перо Милчин | 30 август, 2019 15:16

ЗАЕВ ОД СОБРАНИЕ: “Индустријата расте, приходите во Буџетот се зголемени ЕКОНОМИЈАТА ЖИВЕЕ во земјава„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија во Собранието на РМ, Зоран Заев на седницата на која го образложи Предлогот за избор на двајца нови министри за финансии и за министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, рече дека индустријата расте над 8 проценти, приходите во Буџетот се зголемени за повеќе од 10 проценти од лани и сето ова е доказ дека економијата живее. 

„Приходот од персонален данок е повисок за 15,6 проценти. Повисок е порастот на придонесите во државата. Комплетно растат сите параметри. Доаѓаме со Ребаланс на Буџетот веќе од следната недела, каде што буквално ќе имаме максимална реализација на Буџетот скоро во сите аспекти.

И, дефинитивно сите економски политики потврдуваат намалување на невработеноста и тоа во огромен процент, раст на Бруто домашниот производ (БДП), историски раст на инвестиции…“, рече премиерот Заев додавајќи дека конечно сите економски параметри покажуваат дека опозицијата се плаши од економските резултати.

Премиерот Заев рече дека мој ДДВ минатиот месец донесе 15 милиони евра, и овој месец нови 15 милиони евра носи, економските мерки даваат резултати затоа што се суштински“, и рече дека тие пари ќе се вратат кај граѓаните и ќе делуваат на нивниот повисок стандард.

„Индустријата расте над 8 проценти, приходите во Буџетот се зголемени за повеќе од 10 проценти од лани и сето ова е доказ дека економијата живее. Странските инвестиции се највисоки од било кога, од осамостојувањето на нашата држава, 625 милиони евра странски инвестиции имавме лани и годинава продолжува трендот“, рече премиерот Заев пред пратениците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...