петок, 19 април 2024

MK/ EN/ DE



Премиерот Зоран Заев е во Њујорк, на 74. Генерално собрание на Обединетите нации...

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 септември, 2019 18:12

Заев од Њујорк: “Само неколку недели до октомврискиот самит, Македонија заслужува датум за преговори”

Фото/Текст извор: ©лидер.мк

Премиерот Зоран Заев замина во Њујорк, на 74. Генерално собрание на Обединетите нации, а веднаш по неговото пристигнување тој присуствуваше на вечерата организирана од високата претставничка за надворешна работи и безбедносни политики и заменик претседател на Европската Комисија Федерика Могерини, за шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан. 

Премиерот Зоран Заев, истакна дека само неколку недели остануваат до октомврискиот самит на Европскиот Совет, кога за Македонија се очекува позитивна одлука за започнување на преговори со ЕУ, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Зоран Заев е во Њујорк, на 74. Генерално собрание на Обединетите нации…

Во разговорот за време на вечерата, Заев истакна дека ова е клучен период за нашата земја и дека сите напори се фокусирани на тоа да се задржи позитивниот дух кај сите земји членки на ЕУ за поддршката за Северна Македонија да ги отвори преговорите со Унијата.

По добивањето на кандидатскиот статус за членство во ЕУ во 2005 година, низата на последователни позитивни препораки од Европската Комисија и афирмативните заклучоци на Европскиот Совет во 2018 и 2019 година, како и заради остварените и признаени резултати, Северна Македонија е подготвена да ги започне преговорите со ЕУ без натамошно одлагање.

Стартот на преговорите ќе биде успех и на Македонија и на ЕУ, како резултат на заедничките остварувања за време на предпристапниот процес, нагласи премиерот на вечерата со Могерини и шефовите на владите на земјите од Западен Балкан.

Учеството на владината делегација на 74-тото Генерално собрание на ОН, официјално започнува денеска со учеството во работата на самитите посветени на климатските промени и на универзална здравствена заштита.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.