На 15 јули мнозинството граѓани ги порази деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, а по победата, ние како одговрна партија, како одговорна коалиција ќе покажеме дека мoжеме и уште подобро и уште повеќе, тврди Заев!

Објавил: Владо Марин | 23 јуни, 2020 16:46

ЗАЕВ: Остануваат 22 дена до денот на победата на СДСМ и Коалицијата!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

За 22 дена од сега, граѓаните ќе потврдат дека грижата за здравјето, развојот на економијата, напредокот во евроинтеграциите се вистинскиот пат по кој треба да продолжи нашата држава, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев!

За 22 дена од сега, граѓаните на фер, слободни, демократски и здравствено безбедни избори ќе дадат масовна поддршка на концептот на СДСМ кој носи сигурна иднина и одговорна власт.

На 15 јули мнозинството граѓани ги порази деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, а по победата, ние како одговрна партија, како одговорна коалиција ќе покажеме дека мoжеме и уште подобро и уште повеќе, тврди Заев!

На изборите на 15 јули, среда, ќе учествува и ВМРО-ДПМНЕ, се согласи и опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев претходно објави дека успеале да постигнат договор.

Мицкоски вели дека двата услови кои ги поставиле се прифатени, односно протоколи за заштита на здравјето на граѓаните и мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика