Зоран Заев откри кој го снимал на „бомбите“ кои неодамна се појавија во јавноста

Објавил: Перо Милчин | 19 мај, 2020 14:07

ЗАЕВ ОТКРИ: Бев сниман од Александар Верушевски на ручек кај мене во Струмица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Александар Верушевски, синот на советникот за национална безбедност на Владата Зоран Верушевски, е соговорникот на Зоран Заев на четири аудио снимки кои на 9 мај се појавија на каналот јутјуб од авторот „Бошко Буха“.

Снимката која беше објавена е направена од Александар Верушевски на ручек во ресторан во Струмица, одговори Заев на прашање на новинар за тоа кој е другиот соговорник. „Тој е мој пријател, но ете така одлучил така направил, рече Заев.

„Александар Верушевски е лицето кое ме снимаше летото во 2016 година на ручек кај мене во Струмица. Разговорот јасно ми покажува кој е тоа. Ние сме во добри односи, секој со својата одговорност. Тој така одлучил, така направил. Јас сум близок со неговото семејство, но ете така одлучил мојот пријател и така направил.“, рече Заев на денешната прес-конференција.

Александар Верушевски, синот на советникот за национална безбедност на Владата Зоран Верушевски, е соговорникот на Зоран Заев на четири аудио снимки кои на 9 мај се појавија на каналот јутјуб од авторот „Бошко Буха“. Лидерот на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање, денеска рече дека разговорот е од пред 4 години, кога Александар бил на ручек кај него во Струмица.

„Седевме ручавме и ете сега видов дека ме снимал. Во добри односи сме и сега.

Јас сум пријател со неговото семејство, многу ги сакам неговите дечиња. Тој така одлучил, така направил. Знаете дека и со неговиот татко соработувам како советник на национална безбедност“, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести