Имено сопругата на Зоран Заев му рекла уште пред да победи на изборите дека доколку стане премиер, таа нема да се пресели во Скопје туку сака да остане во својата родна Струмица заедно со децата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 јануари, 2020 19:30

Заев откри што му рекол Ципрас за ќерка му- тој му побарал остров за возврат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот премиер Зоран Заев и неговата сопруга Зорица Заева во новогодишното интервју за тв 24 откриваат детали за својот живот кој до сега никој не ги знаел.

Преубавата ќерка на премиерот Зоран Заев, Александра Заева.

Имено сопругата на Зоран Заев му рекла уште пред да победи на изборите дека доколку стане премиер, таа нема да се пресели во Скопје туку сака да остане во својата родна Струмица заедно со децата.

Тие откриваат дека сега веќе поранешниот премиер се согласил на одвоениот живот, сам да престојува во вилата на Водно, за викендите да си доаѓа во Струмица и да се гледа со семејството а Зорица да присуствува на сите протоколарни настани со сопругот Премиер.

За прв пат во ова интервју Заев откри нешто што до сега никојне го знаел. Тој открива детали за средбата со Ципрас и одвојува една интересна ситуација  кога го потпишувале договорот од Преспа.

Во еден момент, Алексис Ципрас ми рече:

,,Зоран, имаме уште еден проблем во преговорите. Имаш многу убава ќерка!”

-Јас се изненадив, вели Заев, го прашав дали случајно има син да се посватиме и се пошегував дека ќе треба да ми даде еден остров во мираз. Но и го прашав Ципрас од каде ја знае ќерка ми?

Тој ми одговори дека медиумите во Грција пренеле дека Александра со дечкото била во Атина и се појавиле нејзини фотографии, при што забележал дека е многу убава!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести