КУРИР од свои извори дознава дека Бојко Борисов веќе тргнал во дипломатска офанзива за Заев кој му ветил дека ќе ги оствари бугарските барања. Лидерот на социјалистите и поранешен премиер Станишев веќе соопшти дека за Бугарија најдобро е СДСМ и Заев да се на власт. Од СДСМ е неразбирлив молкот на темата Бугарија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 мај, 2020 15:34

ЗАЕВ ПОБАРАЛ ОД БОРИСОВ ПОДДРШКА ЗА ИЗБОРИТЕ- ЕВЕ ШТО МУ ВЕТИЛ ЗА ВОЗВРАТ!

Фото/Текст извор: ©КУРИР.МК

Темата со блокадата на Европските интеграции на земјава се чини и дека не е толку наивна или резултат на моментално меѓусоседско искрење.

Дипломатски кругови брифираат дека зад сето тоа стои опсежна операција на бугарската држава за постигнување на својата цел чиј почеток беше договорот за добрососедство.

КУРИР од свои извори дознава дека Бојко Борисов веќе тргнал во дипломатска офанзива за Заев кој му ветил дека ќе ги оствари бугарските барања. Лидерот на социјалистите и поранешен премиер Станишев веќе соопшти дека за Бугарија најдобро е СДСМ и Заев да се на власт. Од СДСМ е неразбирлив молкот на темата Бугарија.

Иако досега имаше отворени изјави за негирање на македонскиот јазик и историја од страна на бугарскиот државен врв, нема никакви информации за било каква протестна нота од македонските државни институции, пред се македонското Министерство за надворешни работи. Тоа покажува дека интенцијата е да се држи ниско оваа тема, но ниту Димитров, ниту Спасовски не ја негираат сериозноста на заканите од Бугарија која се исправа на патот кон Европските интеграции.

Македонскиот државен врв остана нем на овие изјави, а неосудувајќи ги истите им дава одобрување.

Усовите се два соддржани во бугарскиот документ испратен и брифиран до Европските институции, откажување од македонскиот јазик што Бугарија го смета за форма на бугарскиот јазик и откажување од историјата, потоно од народните херои од крајот на 19 тиот почетокот и средината на 20 век.

Курир дознава дека во целата оваа игра активно се вклучува и лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој побарал од Бојко Борисов трпение да поминат изборите во државава и потоа дал ветување дека ќе се постигне договор и за ова прашање. Зоран Заев преку канали на комуникација потвдил дека е спремен да разговара за компромисно решение што би значело прифаќање на бугарските барања во однос на македонскиот јазик, како и пошироко толкување на историјата која ќе ги задоволи бугарските барања.

Исто тоа би важело и за Гоце Делчев кој треба да стане и бугарски херој по признание на македонската држава. Овие ветувања Заев ќе ги остварил доколку би победил на претстојните избори, а од Борисов побарал да лобира за Заев да ја добие поддршката од меѓународната заедница, која пак, станува се порезервирана по бројните коруптивни скандали.

Дека Заев има договор со Борисов потврдува и своевидното депеша кое Заев им го праќа до одредени дипломатски кругови за што информираа пред извесен период одредени медиуми во државава.

Плусинфо пренесе: Заев во депешата наводно објаснил дека „сите обврски што ги презел со Договорот за добрососедство со Бугарија и со Преспанскиот договор со Грција ќе ги реализира во целост штом ќе биде во можност да формира влада предводена од СДСМ“, стои во објавената анализа.

КУРИР од свои извори дознава дека Бојко Борисов веќе тргнал во дипломатска офанзива за Заев кој му ветил дека ќе ги оствари бугарските барања. Лидерот на социјалистите и поранешен премиер Станишев веќе соопшти дека за Бугарија најдобро е СДСМ и Заев да се на власт. Од СДСМ е неразбирлив молкот на темата Бугарија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.