Почитувани граѓани, христијани и сите луѓе со добра волја.

Објавил: Мирко Бачиќ | 1 март, 2020 11:13

ЗАЕВ ПОБАРА ПРОЧКА ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД: Да си простиме и да пружиме рака на помирување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Да ги совладаме суетата и празното самозадоволство и да си пружиме рака за помирување, вели во видео пораката лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по повод православниот верски празник Прочка.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара прочка од народот на денот на големиот христијански празник.

Почитувани граѓани, христијани и сите луѓе со добра волја. Денеска е прочка. Празник на простувањето и помирувањето кој повикува да ги совладаме суетата и празното самозадоволство и да си пружиме рака за помирување како одлика на чесни луѓе, вели во видео пораката по повод православниот верски празник Прочка лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Исто така и Техничкиот премиер Оливер Спасовски се обрати кон јавноста по повод денешниот празник Прочка.

„Почитувани граѓани и православни верници,

Денеска е празникот Велики поклади – Прочка. Празникот на искрената и пожртвувана љубов кон ближните.
Празничен ден кога бараме прошка и кога со тој голем дар ги отпочнуваме деновите на големиот велигденски пост, како подготовка за најголемиот православен христијански празник.
Пораката што ја праќа денешниот празничен ден го одредува патот на нашето внатрешно и меѓусебно помирување и ни помага во градењето на заедница на граѓани исполнети со љубов кон другиот и со меѓусебно почитување. Тоа е концепт што носи добро за сите.
Ви го честитам денешниот празник и ви посакувам добро здравје, духовно помирување и обединување околу вистинските вредности на мир, пријателство и меѓусебно почитување што ги носи овој ден.
Овој празник повикува и на тоа да ги оставиме зад нас делбите и конфликтите.
Нѐ повикува да се подготвиме за уште посилно да продолжиме да градиме интегрирано општество во кое различностите се богатство за стабилна и просперитетна држава за сите нејзини граѓани.

Пред нас е време на лична и општествена одговорност.

Да почитуваме за да бидеме почитувани, да простуваме и да ни биде простено.
На сите граѓани што денеска го празнуваат и му се радуваат на овој ден им посакувам среќен празник – Прочка.

Имајте убав и спокоен празничен ден, а деновите пред вас до Велигден, нека ви поминат во радоста на простувањето, вели Спасовски“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...