Премиерот дополни дека повторно одлагање, на датум за влез во ЕУ го зголемува ризикот за владата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јуни, 2019 14:57

Заев: Повторно одложување на датум за ЕУ е голем ризик за Владата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Можното одложување на датумот за влез во ЕУ, ќе ја стави во опасност Владата. Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев од Брисел.

Како што пренесе дописничката на МИА од Брисел, премиерот ваквата изјава ја даде пред избрана група новинари од странските медиуми. Тој даде осврт на настаните надоврзувајќи се на  гласањето во германскиот Парламент, и вели дека токму ова гласање има голема улога врз  одредувањето на датумот за преговори од страна на ЕУ.

За секоја одлука која се однесува на проширувањето на ЕУ, неопходно е претходно Бундестагот да даде зелено светло. Следниот рок за одобрување на одлуката од страна на Берлин е 28 јуни, по што министрите на ЕУ би можеле да го одредат конечниот датум во втората половина на јули, кога повторно ќе се состанат во Брисел.-Бундестагот мора да испрати порака, ако не донесат одлука на седницата неделава, најверојатно имаат шанса за тоа на крајот на јуни, ако не го сторат тоа, тогаш останува за Советот на ЕУ во октомври, што значи дека Бундестагот би гласал во септември. И тогаш постои ризик да го изгубиме мнозинството во Собранието, затоа што навистина сѐ дадовме, рече премиерот Зоран Заев.

Премиерот дополни дека повторно одлагање, на датум за влез во ЕУ го зголемува ризикот за владата.

Заев изјави дека годинешниот извештај на Европската Комисија е најпозитивен до сега за нашата земја и дека сите без исклучок се согласни дека Македонија треба да ги започне преговорите за членство.

-Разочарувањето кое ќе се појави кај нашите граѓани ако нема позитивна одлука на Советот на ЕУ ќе им даде надеж на националистичките сили, тоа значи дека ќе има граѓани кои ќе одлучат да ги поддржат националистичките, радикалните сили, и тоа не е добро за Северна Македонија и не е добро за регионот, рече Заев, додавајќи дека смета оти од македонска страна е направено сѐ што требаше и дека земјава чека да се отворат овие врати веќе петнаесет години.Ако ја изгубам поддршката на парламентот, тогаш зошто да правам реконструкција на владата? Затоа чекам, јас сум подготвен, нашите граѓани знаат горе долу кој ќе биде сменет во владата, но не е нормално да правиме реконструкција ако падне владата, може ќе треба да одиме на предвремени избори, или да добиеме нов мандат од претседателот, не се знае, но прво Бундестагот треба да испрати порака, изјави премиерот Зоран Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.