- Ја превземам одговорноста на себе за ваквиот развој на политичките настани заклучно со резултатите на овие избори.
Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ, кажа Заев.

Објавил: Перо Милчин | 31 октомври, 2021 23:01

ЗАЕВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА КАКО ПРЕМИЕР И ЛИДЕР НА СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерот Зоран Заев на вечерашната прес-конференција поднесе оставка од премиер и претседател на СДСМ.

– Ја превземам одговорноста на себе за ваквиот развој на политичките настани заклучно со резултатите на овие избори.
Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ, кажа Заев.

Тој додаде дека лично како човек е дел од СДСМ и од прогресивниот народ и нагласи дека останува дел од партијата.

Жалам што исти луѓе кои пред четири години тргнаа да убиваат во Собранието, сега се избрани за градоначалници. Видовме сојуз на жртви и на насилници само за власт. Не е тешко да се изгуби власта. Убеден сум дека донесовме слобода и демократија, а слободата и демократијата значат и одговорност. Можеби не сум во право, но ред е народот да поддржи политичари кои носат храбри одлуки. Јас ја презедов одговорноста врз себе, за прогресивните сили да можат да ја продолжат борбата, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.