Заев го прифаќа грчкото толкување на Преспанскиот договор ?

Објавил: Узунов Бобан | 5 јануари, 2019 8:46

Заев предизборно му помага на Ципрас ?!

Фото/Текст извор: ©магазин

Во соопштение од кабинетот на Ципрас објавено вчера се тврди дека во интервју за „Ефимерида тон синдактон“ ги урива толкувањата на Нова Демократија дека со договорот е призната македонската нација и јазик и посебното грчко културно наследство. Дали ова значи дека и Заев и официјално ја прифаќа позицијата на Ципрас дека не е призната македонска нација и јазик ? И дали со тоа што ги разбил позициите на грчката опозиција значи дека официјално се вклучува во кампањата за парламентарните избори кои следат во Грција ?

Во интервју за „Ефимерида тон синдактон“, премиерот на ПЈРМ Зоран Заев, ги разби сите аргументи на господинот Мицотакис против Договорот од Преспа, коментираат од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Во соопштението наведуваат и делови од интервјуто на македонскиот премиер поврзани со државјанството, јазикот, дека припаѓа во словенската група јазици и ставот дека „го признавме посебното културно наследство, посебната античка грчка историја во регионот“.

Од кабинетот на грчкиот премиер се прашуваат, по сето ова, „каков нов извртен аргумент ќе измислат“ од опозициската Нова демократија за да ја поддржат позицијата на пратениците Адонис Георгиадис и Андонис Самарас.

-Сега кога самиот Зоран Заев целосно ги урива псевдо-толкувањата на екстремно десничарската група на Нова демократија за националност, јазик и отстапување, што ќе прави господинот Мицотакис? Зад кој нов смешен аргумент ќе се скрие за да ги задоволи неговите екстремно десничарски водачи?, прашуваат во соопштението, од кабинетот на Алексис Ципрас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.