По реакциите од јавноста за драконските затворски казни

Објавил: Узунов Бобан | 18 март, 2019 14:06

Заев призна: Амнестијата беше за да се промени името

Фото/Текст извор: ©магазин

Според Заев, Законот за амнестија на обвинети за настаните од 27 април, бил донесен во моменти кога било потребно двотретинско мнозинство за уставните измени. 

Канческа  изјавуваше дека сама ја донела одлуката за уставните измени со цел придвижување на процесот кон ЕУ и НАТО. 

– Законот за амнестија се случи во рамки на помирувањето, тоа е многу сериозен процес, кога на државата и требаше двотретинско мнозинствo. Јавно го кажувам тоа и не бегам од тоа. Верувам дека Парламентот нема потреба повеќе да посегнува по такви работи. Тој случај беше јасно издиференциран, каде се одделија сите кои учествуваа во организација на насилство, од оние кои беа заведени. Не верувам дека институциите, ниту Министерството за правда, ниту претседателот, ќе отворат таков случај на амнестија, изјави Заев. 

Со денешната изјава на Зоран Заев паднаа во вода убедувањата на 8-те пратеници од ВМРО-ДПМНЕ  дека гласале поради евроатлантската иднина на Македонија. Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов беа амнестирани за настаните од 27 април иако експертската јавност реагираше дека не може лицата кои го овозможиле извршувањњето на кривичните дела од 27 април да бидат амнестирани. Синот на пратеничката Владанка Авировиќ за измама при доделување на милионски суми тендери беше условно осуден за што јавноста коментираше дека тоа е дилот за нејзината поддршка за уставните измени за Северна Македонија. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.