Премирот и претседател на СДСМ, Заев до сега милион пати повторил дека во основа не е политичар, туку бизнисмен, а во бизнис секторот, нема трето полувреме, има банкрот

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 12:24

Заев призна дека економијата ќе ја “игра” во третото полувреме (видео)

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По “црните” прогнози на Меѓународниот Монетарен Фонд и Светската Банка, за Македонската економија, Зоран Заев си игра “мајтап”, ќе ја решавал во третото полувреме.

Имено претходно и ММФ и СБ доставија извештаи според коj Македонија оваа година ќе ја заврши со раст од само 1.6 отсто, иако по потпишувањето на Преспанскиот договор се тврдеше дека ја придвижил економијата, со изјава се јави и премиерот Заев кој рече дека очекува раст на економијата во третото полугодие, по растот во второ полугодие.

Изјавата за Заев кој се прокламира првенствено како бизнисмен е “самоубиство” во светот на економијата, како и официјално санавме единствена земја на светот која наместо две полугодија има три.

Другите земји имаат по две полугодија, по три третини, по четири квартали итн.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.