Заев ги користел услигите на Мијалков за да обезбеди 2/3 мнозинство во парламентот

Објавил: Узунов Бобан | 23 јануари, 2019 9:05

Заев призна дека Мијалков ги договарал пратениците да гласаат за Северна Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин

Имено Зоран Заев во вечерашното свое интервју за Алсат М призна дека тој разговарал лично со Сашо Мијалков за да добие поддршка за Договорот со Преспа.

Заев понатаму истакна дека екс директорот на УБК, Мијалков лично разговарал со пратениците од опозицијата и ги убедувал да гласаат за промена на уставот со цел промена на уставното име.

Кначеска Милеска на нејзиното последно судење ја убедуваше јавноста дека таа гласала за Северна Македонија по сопствено убедување и дека никој не и извршил притисок.

-Еве вака. Сашо Мијалков збореше со пратеници затоа што верува во тоа решение, тоа го кажуваше на сите. Јавно се збори во Скопје, насекаде дека он зборувал со пратениците, седел со нив ги охрабрувал.

Претходно Магазин пишуваше до 8-те мина пратеници се под диригентска палка на  Сашо Мијалков, а  Крсто Мукоски, Нола Исмајлоска и Емилија Александрова ги обраотуваат Сашо Мијалков и оперативецот Никола Тодоров за после претседателските избори да  бидат дел од групата која ќе се обиде да организира преврат во ВМРО-ДПМНЕ преку вонреден конгрес. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.