Заев пред ТВ дуел бара од Мицкоски јасно да каже дали го прифаќа или не Преспанскиот и на грешка во изјава потврди како селективно ќе се применува законот за амнестија

Објавил: Мартин Попоски | 14 декември, 2018 13:05

Заев прифаќа дуел со Мицкоски, но прво да каже дали го поддржува Преспанскиот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот Зоран Заев повтори дека прифаќа телевизиски дуел во кое било време и во кој било медиум со лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Секако Заев ја истера “старата песна” дека дуелот е условен само доколку Мицкоски претходно се изјасни дали е за членство во НАТО и ЕУ преку прифаќање на Преспанскиот договор, а ако не е за тоа, треба јасно да го каже и да понуди алтернатива.

Подготвен сум во секое време и на секое место да дебатирам со Мицкоски, но чесно е тој да го каже својот став, дали е за членство во ЕУ и НАТО со поддршка од Договорот од Преспа и ако не е да ја каже алтернативата. Тогаш нека го избере медиумот, денот и терминот. Јас сум подготвен за соочување зашто тоа е демократски чин. – изјави Заев по националната конференција за децентрализација.

Одговарајќи на новинарски прашања, премиерот рече дека Законот за амнестија, што веќе се дебатира, ќе се комплетира до крајот на оваа или почетокот на идната недела и со него јасно ќе се разграничи што значи учество во насилство, кревање рака, организација и осмислување упад во Собранието.

Казни ќе има, но ќе се стави дистинкција на тоа што значи судска, а што политичка одлука.

Според него, Законот за амнестија ќе испрати порака на помали казни, и амнестија за сите што не учествувале во насилството и не биле организатори.

Членовите во законот што ќе доведуваат до идно казнување нема да бидат тероризам со над 10 години казни, туку ќе бидат помали почетни казни. Но, казни ќе има. Со законот ќе се испрати пораката, казнувањето мора да постои, но и најважната порака е да нама мешање во правосудството. – потенцира Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.