Потсети дека на владината седница министерот за здравство Венко Филипче информирал за дебатите што се водат на регионално ниво за отворање на границите во земјите од регионов и оти отвориле дискусија со аргументи за или против отворање на границите, за сите предности или проблематични ситуации што би се појавиле притоа.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 октомври, 2020 11:43

Заев: При отворање на границите да се води сметка на здравствениот аспект!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска при посетата на училиштето „Коменски“ во Општина Карпош, премиерот Зоран Заев изјави дека при носењето одлука за отворање на границите во регионот со или без ПЦР тестови, пред се прво треба да се води сметка на здравствениот, а потоа на економскиот аспект.

-Ќе треба да бидеме внимателни и во двата аспекта при отворање на границите и на здравствениот и на  економскиот аспект, и двата се подеднакво важни, секако најважниот преовладува тоа е здравјето на луѓето. Некојпат и економските ресори велат нека страда економијата ако здравствениот ризик е поголем, рече Заев.

Потсети дека на владината седница министерот за здравство Венко Филипче информирал за дебатите што се водат на регионално ниво за отворање на границите во земјите од регионов и оти отвориле дискусија со аргументи за или против отворање на границите, за сите предности или проблематични ситуации што би се појавиле притоа.

-Министерот за здравство ќе ги доврши своите консултации со колегите од министерствата за здравство во соседните земји и во целиот регион, а Комисијата за заразни болести е конечно таа што ќе даде препорака или одлука дали треба да се отвораат границите, за да имаме премин на границите без ПЦР тестови или со ПЦР тестови, посочи премиерот Заев. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.