Премиерот на Република Македонија, Зоран Ззаев на лидерот на ВМРО ДПМНЕ му порача дека се лаже ако мисли дека ќе дојде на власт по завршувањето на предвремените парламентрани избори наредната година.

Објавил: admin@magazin | 26 октомври, 2019 21:53

ЗАЕВ ПУКНА СКРОЗ: Премиерот му покажа „МАЛО СУТРА“ на Мицкоски и доби громогласен аплауз(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со премногу непристојна гестигулација премиерот Зоран Заев на денешната трибина во Прилеп покажа дека неговиот политички противник лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да дојде на власт.

Премиерот на Република Македонија, Зоран Ззаев на лидерот на ВМРО ДПМНЕ му порача дека се лаже ако мисли дека ќе дојде на власт по завршувањето на предвремените парламентарни избори во април наредната година.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и по 12 април остануваат во опозиција. Неправдата врз Македонскиот народ на последниот самит на ЕУ го осуди светот,само Мицкоски со неговите соработници се радуваа на ветото од Макрон, истакна премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на денешната трибина во Прилеп.

На средбата со Прилепчани на која присуствуваше скоро половина влада, премиерот Зоран Заев најави и ново дополнително зголемување на минимална плата за идната година и раст на БДП од 4 насто.

Додека пак лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Драчево денеска порача дека Заев и СДСМ ќе ги прати во политичка пензија, а потоа сите оние кои се огрешиле пред законите, сите оние кои се осрамотиле пред граѓаните, пред нас граѓаните, ќе одговараат од прв до последен“.

„А ќе успееме кога Македонија ќе ја направиме навистина пристојно место за живеење, место каде што сите оние наши соседи, наши роднини колеги, пријатели, познаници, изминативе месеци, изминативе години ги напуштија родните огништа, ја напуштија нашата држава и денеска практично се наоѓаат некаде во западна Европа, се наоѓаат некаде во Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД во потрага по подобар живот“, изјави денес во Драчево, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Моментот може да се види по 29 минута од видеото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика