Ако е тоа решението, ќе ги прашаме македонските граѓани со бугарски пасош", рече Заев во Прилеп.

Објавил: Владо Марин | 19 декември, 2020 18:21

ЗАЕВ РАЗОЧАРАН: Јас незнам повеќе кој проблем го имаме со Бугарија, нема да ги нападнеме тамам работа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, денес изјави дека повеќе не знае што е проблемот што треба да го реши со Бугарија!

Ние сме пријатели со Бугарија, треба да го решаваме проблемот, а јас не знам во што е проблемот, изјави денеска Премиерот Зоран Заев во Битола каде присуствуваше на промоција на шест нови еко-автобуси во РЕК Битола, на прашање на новинарите околу односите со Бугарија.

“За нас Европската Унија е светост, нашата европеизација ја сакаме со постигнување европски вредности дома и ние тоа ќе го правиме со блокади или без блокади. Ние сме пријатели со Бугарија, треба да го решаваме проблемот, а јас не знам во што е проблемот. Дефиниравме дека долгото и краткото име на државата се едно исто – Република Северна Македонија, немаме територијални претензии, пријатели сме и пренесовме комплетна доверба”, рече Заев.

“Вчера испратив порака дека треба да го решиме проблемот, за кој не знам што е тоа.

Ако е тоа решението, ќе ги прашаме македонските граѓани со бугарски пасош”, рече Заев во Прилеп.

Како концесија на барање на Софија, премиерот изјави дека е дефинирано дека краткото име на државата значи исто како и долгото – Република Северна Македонија и дека е потврдено дека нема територијални претензии кон источниот сосед.

“Ние немаме територијални претензии. Ние нема да ја нападнеме Бугарија! Ние сме пријатели и не само тоа, рече Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести