Заев вели дека сега Владата е насочена да го одржи темпото на економските реформи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 октомври, 2019 11:39

Заев: Рано е уште да се разговара за технички премиер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на Конференција на Светската царинска организација – ПИКАРД што се одржува денеска во Скопје, истакна дека се уште е рано да се разговара за технички премиер и министри.

Во јавноста веќе кружат информации дека Оливер Спасовски ќе седне на премиерската фотелја

Заев вели дека сега Владата е насочена да го одржи темпото на економските реформи.

– Рано е уште. Владата е насочена и во овој период да го одржи темпото на економските реформи што се случуваат во државата. Знаете дека имаме таргет од четири отсто, иако е проектиран во Буџетот на 3,5 отсто. Имаме цел да ги оствариме ваквите таргети со остварување на 4,1 отсто раст, а тоа значи многу нови работни места, многу нови инвестиции во државата, зголемен извоз и зголемен економски стандард на граѓаните, рече Заев.

на прашањето дали ако победат на изборите повторно ќе биде премиер, Заев рече дека побарал нов чист мандат за да може да ги продолжат реформите.

Заев истакна дека нема информации за тврдењата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оти некоја од партиите од владејачката коалиција разговараат за преоѓање во опозицискиот блок. Посочи дека секоја партија е независна во својата определба, но очекува валдејачката коалиција дополнително да се зголемува. 

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика