Каква ќе биде судбината на СЈО ?

Објавил: Узунов Бобан | 5 август, 2019 8:51

Заев сака да инсталира времен шеф на СЈО, иако знае дека е незаконски ?

Фото/Текст извор: ©24mk/магазин

Времен шеф да го води СЈО до септември следната година кога истекува мандатот на обвинителството, доколку владата не успее до 10 септември да обезбеди 80 глас за да се изгласа новиот акон со кој се решава статусот на СЈО. 

Дека времен шеф на СЈО нема своја основа во законот прв ја отвори обвинителот Гаврил Бубевски, пред два месеци, но тој за оваа функција ја предложи Катица Јанева, бидејќи според него, нема законска можност за друг в.д специјален обвинител.

Ова според информациите на тв 24 е планот Б на Зоран Заев , за кој што веќе според неофицијалните информации, неформално се почнати консултации, а известен е и меѓународниот фактор како можна опција која би ја имала власта на располагање, според информациите на тв 24 од висок функционер од власта.

Според истиот функционер, времен шеф на СЈО, би бил човек од актуелните обвинители, би бил назначен од советот на јавни обвинители. Токму назначувањето на в.д специјален обвинител, било дилемата за која изминатиов период имало консултации со правни експерти, но од власта велат дека праксата со назначувањето на Лилјана Спасевска за в.д јавен обвинител по разрешувањето на Марко Зврлески, е искуство кое може да се приемни и во овој случај, особено поради тоа што велат дека и јавниот обвинител и СЈО го избира Собранието.


Во членот 3 од Законот за основање на СЈО, е регулирано: На предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието на Република Македонија, по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија, Советот по предлог на Собранието на Република Македонија, без објавување на јавен оглас, го избира јавниот обвинител, со мандат од четири години со право на повторен избор. Собранието ќе го утврди кандидатот за јавен обвинител со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство, и ќе го поднесе до Советот на јавни обвинители на Република Македонија („Советот“).  

Според овој закон кој се носи со 2/3 мнозинство, прво не постои можност за избор на Специјален обвинител без поддршка од четирите најголеми партии и второ во законот не е предвидена можност за в.д Специјален обвинител. 


Според законот за СЈО, донесен со консензус меѓу политичката четворка во Пржино пред 4 години, специјалниот обвинител, го бира Собранието со 2/3 мнозинство и Бадинтер, по претходен договор на четворката, и предлог на комисјата за избори и менувања, а потоа се назначува од Советот на јавни обвинители, на која се присутни најмалку 2/3 од обвинителите.

Токму во вториот дел од власта велат дека е возможно в.д СЈО да го избере советот, но и толкуваат дека ако СЈО се бира со 2/3, тогаш назначување на в.д шеф би било со помалку присутни обвинители. Оваа идеја според неофицијалните информации, премиерот Зоран Заев како резервен план им го образложил и на Јоханес Хан и Филип Рикер, кои како клучно го потенцираат опстојувањето на СЈО, покрај борбата со корупција во сите политички ешалони. 

Дополнително оставката во најава на Јанева, но нејзината евентуална вмешаност во скандалот “Рекет“, ја исклучува опцијата таа времено да го води СЈО.

Дали власат ќе го активира планот Б, но и кавов ќе биде одговорот на опозицијата за него, ќе зависи од исходот од преговорите, меѓу работните групи кои се заглавени токму на кадровските прашања, но и на истрагите отворени по истекот на рокот за обвинијата.

Заев, според најавите ќе се обиде да стигне со 2/3 мнозинство и со гласовите на партиите од албанскиот опозициски блок, и осумте пратеници кои беа клучни за промената на името. Сите тие имаат свои услови за поддршка на законот – колку тоа ќе значи и нови пазарења ќе биде извесно по одморите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.