Со Оливер Спасовски ја посетивме и канцеларијата за превенција, која има за цел да го зајакне партнерскиот однос на граѓаните со полицијата!

Објавил: Перо Милчин | 28 јуни, 2020 12:18

ЗАЕВ: СДСМ покажа дека се грижи правично и подеднакво за сите граѓани

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

СДСМ покажа дека се грижи правично и подеднакво за сите граѓани, бидејќи ова е држава на сите. Се определивме за политики на рамномерен регионален развој. Вложено е многу во инфраструктурата во Стајковци и во Гази Баба, а заедно можеме и повеќе, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев при посетата на Стајковци!

Со Оливер Спасовски ја посетивме и канцеларијата за превенција, која има за цел да го зајакне партнерскиот однос на граѓаните со полицијата. Преку проектот МВР за граѓаните успеавме да ја вратиме довербата во полицијата. Нашата цел е ред, дисциплина и правда, а полицијата има важна улога во тој процес, вели Заев!

Вложено е многу во инфраструктурата во Стајковци и во Гази Баба, а заедно можеме и повеќе, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев при посетата на Стајковци!

Заев вели дека нема веќе партии да доаѓаат пред избори и по 100 пати да ви ветуваат НАТО и ЕУ.

Завршена работа е членството во НАТО и датум за преговори со ЕУ. Во тоа успеавме заедно, рече Заев!

Затоа на 15 јули гласаме за да останеме држава со европски вредности, во која има владеење на право. Тоа е нашата иднина, тврди лидерот на СДСМ!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...