Инаку името на премиерот Заев се споменува во видео снимките кои беа објавени од италијанскиот весник Ла Верита, каде наводно се тврди дека тој бил запознаен за актуелниот случај Рекет.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 август, 2019 14:29

ЗАЕВ: Северна Македонија ја правиме убаво место за живеење

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев и лидер на владејачката СДСМ, на својот Фејсбук профил напиша статус во кој вели дека Северна Македонија, ја прават убаво место за живеење. 

Градиме квалитетна инфраструктура низ целата држава, за сите. Квалитетно изградена патна и железничка инфраструктура е императив за нас, бидејќи претставува крвоток на економската активност, преку брзиот проток на луѓе, стоки и услуги.Гасификацијата е еден од највредните проекти за граѓаните и компаниите на нашата земја. Изградени се 216 км гасовод ширум државата.Фокусирани сме на изградба на водоводи и канализации заради подобрување на животот на граѓаните. Досега изградени се над 30 км водовод за 310.000 жители и 37 км канализација за 22.500 жители. Заедно ја градиме Северна Македонија. Ја правиме убаво место за живеење. Градиме по план!, напиша Заев на својот Фејсбук.

Премиерот Заев истакна дека досега изградени се над 30 км водовод за 310.000 жители и 37 км канализација за 22.500 жители.

Инаку името на премиерот Заев се споменува во видео снимките кои беа објавени од италијанскиот весник Ла Верита, каде наводно се тврди дека тој бил запознаен за актуелниот случај Рекет. Вчера, веднаш по третата објавена снимка премиерот се огласи на својот Фејсбук каде истакна дека неговото име било Злоупотребено од Боки 13 кој е прво осомничен во случајот Рекет.

Во најновиот објавен разговор некои од осомничените го спомнуваат и злоупотребуваат моето име. При тоа се изнесуваат лаги и бесмислици со цел едниот соговорник да ја зајакне својата позиција на моќ и авторитет пред другиот соговорник.Најостро, категорично и одговорно отфрлам било каква поврзаност, соработка или комуникација со осомничениот Бојан Јовановски во врска со случајот “Рекет” и за било какви други прашањата кои се предмет на истрагата за овој случај.Со Бојан Јовановски единствено имам разговарано за хуманитарни активности на неговиот Меѓународен сојуз, после што ниту јас ниту Владата не сме имале никаква натамошна соработка, ниту формална, ниту неформална. Се имам појавено и на интервјуа во 1тв, како што редовно се појавувам на сите други телевизии и медиуми, во интерес на отвореноста кон јавноста,напиша вчера премиерот Заев.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести