Заев кажа дека сега Филипче ќе стане поголем другар со него, и дека ќе имаат време да се посветат на страста на возење мотори.

Објавил: admin@magazin | 5 декември, 2021 14:40

Заев: Сега со Филипче ќе имаме повеќе време да возиме мотори

Фото/Текст извор: ©магазин

Зоран Заев денеска на прес-конференција по договорот со Алтернатива, коментираше за Венко Филипче, со оглед дека тој во иднина нема да биде министер за здравство, затоа што со тоа место ќе раководи Алтернатива. 

На денешната прес конференција премиерот Зоран Заев изјави дека од денеска официјално е постигнат договор со партијата „Алтернатива“, за обезбедување стабилно парламентарно мнозинство

Заев кажа дека сега Филипче ќе стане поголем другар со него, и дека ќе имаат време да се посветат на страста на возење мотори.

Новите министри и новата влада нема да дојдат со мене како премиер, ќе дојдат со нов иден премиер на владата. Делот на здравство министерот Венко Филипче сега ќе стане подругар со мене, ќе имаме повеќе време да возиме мотори. Затоа што кога работите, немате време за тоа. Тоа е мој пријател, покрај тоа што е соработник. Како неврохирург може да биде корисен за здравјето, но има одлични знаење кои може да бидат употребени во периодот на општествено ниво. Доколку новите кадри кои доаѓаат и новиот премиер не сметаат на него, јас сметам на него“, рече Заев.

Вонредни избори единствено би ја втурнале земјата во нова политичка, економска и општествена неизвесност, но и ризик одново да се закочат европските интеграции. Доста беа кризи и незивесности. На нашата татковина и треба мирен и стабилен период.

Затоа, постигнавме договор со Алтернатива за влада и парламентарно мнозинство до крајот на актуелниот мандат, односно до 2024 година, со амбиција и да продолжи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика