Според најавите, месецов треба да пристигнат околу 50 000 дози на Фајзер како и дополнителни 100.000 вакцини на Синофарм како донација од кинеската војска. Со тоа, надлежните сметаат дека ќе има доволно вакцини за во континуитет се спроведува масовната имунизција.

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 мај, 2021 17:59

Заев се вакцинираше со кинеската вакцина од Синофарм

Фото/Текст извор: ©24.мк

Премиерот Зоран Заев седна на вакциналното столче за да прими антиковид вакцина. Се имунизираше со кинеската вакцина Синофарм, која што во моментов е достапна во спортската сала Борис Трајковски. Вакцинирањето било безболно. 

„Добро е глеаш чим не паѓам значи ок е работата, како да те штипне нешто.“ – изјави Заев.

По примањето на вакцината Премиерот рече дека ја извршил својата граѓанска должност. Ги повика граѓаните да се пријавуваат на вакцинција.мк порачувајќи дека сите вакцини се безбедни и што побрзо заврши имунизацијата толку побрзо ќе дојде и крајот на епидемијата. 

„Ги охрабрувам сите граѓани да се пријават за термин на сајтот вакцинација.мк и да си го обезбедат единствениот начин за зачувување на здравјето. Колку побрзо го завршиме процесот наимунизација, толку побрзо ќе излеземе од епидемијата. По примерот на вакциналниот пункт во оваа сала, формирани се регионални пунктови за вавкцинација низ земјава, а набрзо ќе бидат отворени и во Прилеп и во Велес. Им честитам на Министерството заздравство и на сите лекари, медицински работници и волонтери за одличната организација на процесот на имунизација.“ – изјави Заев.

Премиерот Заев е прв во Владата кој се вакцинира против КОВИД. Утре ќе се вакцинира и министерот за здравство Венко Филипче, а потоа и останатите владини министри. Очекувањата на Владата се дека се до почетокот на летото ќе има висок процент на вакцинирано насселение со што ќе се подобри епидемијата. 

Според најавите, месецов треба да пристигнат околу 50 000 дози на Фајзер како и дополнителни 100.000 вакцини на Синофарм како донација од кинеската војска. Со тоа, надлежните сметаат дека ќе има доволно вакцини за во континуитет се спроведува масовната имунизција.

Според статистиките на здравствените власти, во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 92.253 граѓани. Со последните бројки 25% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести