Никако да имаат крај гафовите на премиерот Заев, па вчера се обиде да го "прошета" јарболот со германското знаме на сред прес конференција со Канцеларката Ангела Меркел

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2018 9:04

Заев се “заби” во јарболот со знамето на Германија (видео)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По срамот со летонското, наместо австриското знаме, при посетата на австрискиот канцелар Курц, премиерот Заев вчера лично провери дали зад Меркел стои германското знаме. 

Но тоа не е точно.

Имено премиерот на Македонија, Зоран Заев, додека неговата висока гостинка, Канцеларката на Германија, Ангела Меркел, мирно го чекаше на својата говорница, се “заби” во јарболот на кој беше истакната знамето на Германија, а кој стоеше веднаш позади Меркел.

Со цел да се извади од новиот гаф, Заев исценираше дека го “пегла” знамето за подобро да се гледа.

Светските медиуми деновиве на голема врата ги следат гафовите на неспособниот протокол и Пи Ар служби на Владата кои никако да престанат.

Настанот се случи во 4-тата мин и 30-та секунди од видеото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести