– Уште еднаш кажувам дека ако некој се нашол повреден се извинувам. Не ми било тоа намерата. Намерата ми било да кажам дека ќе има борба за државата, за нашиот народ, за да се оди на вистинскиот народ – рече Заев.

Објавил: Весна Петровска | 30 октомври, 2019 14:36

Заев се извини за МАЛО СУТРА

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Премиерот Зоран Заев се извини за гестикулациите кои ги направи со фразата „мало сутра“ на партиската трибина во Прилеп додека зборуваше за тоа кој ќе победи на изборите во април 2020.

– Ако некој сум повредил навистина се извинувам. Намерата ми беше да бидам многу природен и едноставен. Во секојдневието на нашите разговори јас се обратив пред сите наши поддржувачи таму за да испратам порака дека нема така лесно да предадеме власт затоа што некој така сака и потоа повторно 11 години да ја уништува државата. Тоа беше употребата на гестикулациите и на зборовите. Значи, извинете носевме храбри одлуки, тука сме и одиме напред, тешко е на сите, не ни е лесно и на нас. Продолжуваме да се бориме затоа што тоа должност ни е пред државата – рече Заев.

Објаснувајќи се, премиерот во неговата изјава уште еднаш се извини потенцирајќи дека се смета за внимателен политичар кој не сака да остави впечаток дека сака да навреди некого.

– Уште еднаш кажувам дека ако некој се нашол повреден се извинувам. Не ми било тоа намерата. Намерата ми било да кажам дека ќе има борба за државата, за нашиот народ, за да се оди на вистинскиот народ – рече Заев.

За потсетување, пред неколку дена премиерот Заев на лидерот на ВМРО ДПМНЕ му порача дека се лаже ако мисли дека ќе дојде на власт по завршувањето на предвремените парламентрани избори наредната година. Премиерот со непристојна гестиколулација пред неговите симпатизери, што по ова непристоен момент премиерот беше отпоздравен со голем аплауз.

Ова видео и оваа изјава станаа хит на социјалните мрежи, излјадници шеги на сметка на актуелниот премиер Заев, но и безброј негативни критики.

Дел од критиките беа дека веќе премиерот никого не изненадува со неговите изјави, но и некои му посочија дека треба да внимава на неговиот говор сепак станува збор за премиер на држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести