Заев не го демантира Никос Коѕијас ниту пак Алексис Ципрас во изјавите дека не постои македонска нација

Објавил: admin@magazin | 23 јуни, 2018 23:10

Заев се откажал од македонското малцинство насекаде во светот“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за надворешни работи на соседна Грција, Никос Коѕијас, вчера на јавен сервис во Грција потврди дека со договорот се брише македонското малцинство насекаде на светот. Коѕијас јавно потврди: Договорот го забранува тоа. Во договорот има член за тоа. Во член 49 од Уставот на Северна Македонија се вели дека БЈРМ се грижи за македонското малцинство надвор од нејзината територија. Тој член ќе биде сменет итн. Ова го истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Министерот Коѕијас зборувајќи за македонската партија во Грција „Виножито” јасно кажа дека новиот договор кој го потпиша Зоран Заев, забранета е дискусија за постоење на македонското малцинство во Грција и затоа ќе се менува Уставот на Република Македонија. Зоран Заев се откажа од македонското малцинство насекаде во светот. Зоран Заев кој бараше поддршка од дијаспората за да дојде на власт сега се откажа од нив и тоа ќе биде запишано и сменето во Уставот. Никос Коѕијас за само два дена јасно си кажа дека со договорот и промена на името е сменет нашиот идентитет и ќе биде северномакедонски, а веднаш потоа и потврди дека Заев се откажал од македонското малцинство насекаде во светот, истакна Арсовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат веднаш и неодложно да одговори владата зошто македонското МНР нема демант на ваквите ставови на грчкиот министер Никос Коѕијас?

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести