Се потврдија информациите на Магазин, Заев има премногу министри за промена а нема сигурност во премиерската фотелја ако направи реконструкција на владниот кабинет

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 ноември, 2018 14:28

Заев се откажа од реконструкција, Владата пред паѓање?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Како и што анализираше Магазин, премиерот има премногу министри за “отстрел” а премалку поддршка од својата партија, од каде крилото на заменик претседателката Шекеринска сака да го смени од функцијата.

Заев првенствено најави промена на четири па шест министри, но по најавите за повлекување на министрите од турска и ромска етничка припадност, премиерот не сака да се соочи со гласање доверба на нов владин кабинет, во кој сигурно ќе го изгуби министерот Оливер Спасовски.

За таа цел, Заев прокламираше нејасно правно решение.

Реконстуркција е кога премиерот отвора прашања за промена на одредени луѓе, но да им дадеме важност на приоритетите во државата, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за најавента реконструкција на владиниот кабинет.

Премиерот во контекст на ова прашање додаде дека „се јавува потреба политички партии да повлечат свои луѓе, наместо во овие клучни моменти за државата да се реконстрира владиниот кабинет на барање на Заев, откако претходно беше запрашан што ќе преземе против функционерите што спијат на седници и што не доаѓаат на работа.

Партијата на Турците пред неколку дена побара повлекување на министерот Аднан Ќахил од функцијата, но Заев рече дека ќе ги разгедаат нивните аргументи, додавајќи дека најверојатно станува збор за внатрепартиски поделби.

Пополека ќе ги разгледаме аргументите, се тоа е важно. Истовремено, таа партија од мене побара да почнат преговорите и Македонија да влезе во ЕУ и НАТО. Ќе разговараме, тоа е веројатно експресија на нивни политички поделби кои постојат внатре во партијата. – рече Заев.

Поплаки за работата на министер имаше и партијата на Самка Ибраимоски, која од Заев побара да биде разрешен министерот без ресор Ахмедовски, затоато не работел во интерес на Ромите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.