Заев во еден момент реши да се пошегува со Борисов за сметка на новото име на нашата држава.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јули, 2019 16:15

Заев се пошегува со Борисов на наша сметка: Иако сме Северна, пак е 40 степени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев заедно со вице премиерот Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска присуствуваше на Самитот за Западен Балкан во Позањ, каде имаше и средба со  бугарскиот колега Бојко Борисов.

Премиерот Заев истакна дека очекува датум за преговори овој октомври

Заев во еден момент реши да се пошегува со Борисов за сметка на новото име на нашата држава.

На прашањето кое му го постави Борисов, Заев му одговори дека е многу жешко.

– Како е во Скопје? – праша Борисов на почетокот на средбата, на што премиерот му одговори дека е „многу жешко“.

– Иако сме Северна, пак е 40 степени – рече Заев.

Видеото, каде може да се слушне овој разговор, на социјалните мрежи го објави Борисов.

Инаку претходно премиерот Зоран Заев за време на работниот појадок на Самитот за Западен Балкан во Познањ истакна дека очекува ветувањето за јасна поддршка за старт на преговорите во октомври оваа година да биде исполнето.

Заев истакна дека реформите во ЕУ, можат да бидат паралелен процес со процесот на проширување со земјите од регионот.

-Таквата одлука ќе ја потврди кредибилноста на ЕУ во регионот и ќе биде препорака за земјите со кандидатски статус да ги продолжат реформите за остварување на европските стандарди и за да се охрабрат политиките што ќе им донесат просперитет, демократија и стабилност во регионот. Ја разбираме и ја поддржуваме дебатата за реформи во ЕУ, но убедени сме дека тој процес може да оди паралелно со процесот на преговори и за проширување со земјите од регионот, истакна во своето обраќање премиерот Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.