Ние освоивме шампионска титула во Европа, не во некој варварски регион и затоа сите треба да се однесуваме европски, рече премиерот Зоран Заев за време на денешната посета на Брисел.

Објавил: Весна Петровска | 4 јуни, 2019 19:38

Заев се фали со титулата на Вардар во Брисел!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

На средбите со претседателот на комисијата Јункер, со еврокомесарот Хан и со шефицата на европската дипломатија, премиерот Заев ја побара поддршката. Заев вели – покажавме политичка зрелост и европски манири. Добивме домашна задача која ја исполнивме и сега Европа е на ред.

Уверен дека Македонија заслужува почеток на преговорите е и Јункер. Претседателот на Европската Комисија вели дека ќе стори се, во тоа да ги убеди и земјите членки кои треба да пресечат за одлуката.

Еврокомесарот Хан гледа и пошироко. Определувањето датум не е значајно само за Македонија, туку станува збор за стабилноста на Европа.

Заев во Брисел ја спомена шампионската титула на Вардар.

Ние освоивме шампионска титула во Европа, не во некој варварски регион и затоа сите треба да се однесуваме европски, рече премиерот Зоран Заев за време на денешната посета на Брисел, осврнувајќи се на синоќешните националистички скандирања на плоштадот во Скопје на прославата со ракометарите на РК „Вардар“ кои вторпат ја освоија титулата европски првак.

– Знам, додаде премиерот Заев, дека се работи за поединци.

-Имав прилика да го примам РК „Вардар“. Беа сите ракометари, тренерот и ветија дека ќе дадат право сите да се радуваат за европската титула, рече Заев и додаде дека сите треба да се однесуваме европски, затоа што тоа е обврска на граѓаните, а ние сме пример за европски манири.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести