Верувам дека Македонија со својата стандардизација и транспарентност во постапката, разбивајќи ги табуата коишто сѐ уште постојат, ќе изгради свој имиџ како исклучително поволна почва и клима за едно вакво производство коешто сѐ повеќе и повеќе ќе биде застапено во здравствената и во фармацевтската индустрија.

Објавил: Владо Марин | 16 октомври, 2020 15:07

Заев: Следната година очекуваме преку 250.000 милиони евра производство на канабис за медицински цели

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Со донесување на измените и дополнувањата на Законот за опојни дроги, ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели, вели премиерот Заев!

Ако тоа го направиме до крајот на оваа година, следната година очекуваме преку 250.000 милиони евра производство на канабис за медицински цели.

Тој вели дека тоа ќе стимулира отворање на илјадници високо-платени, нови работни места и ќе поттикне нови инвестиции.

Верувам дека Македонија со својата стандардизација и транспарентност во постапката, разбивајќи ги табуата коишто сѐ уште постојат, ќе изгради свој имиџ како исклучително поволна почва и клима за едно вакво производство коешто сѐ повеќе и повеќе ќе биде застапено во здравствената и во фармацевтската индустрија, потенцираше премиерот Зоран Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести