Премиерот на Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев, по објавата на Џафери за седница во 21 часот, го напушти законодавниот дом, зачуден зошто има толку медиуми надвор

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 19:38

Заев смета дека ова е демократски процес, бил на гости во Собранието

Фото/Текст извор: ©ТВ21/магазин.мк

Премиерот Зоран Заев го напушти Собранието, и замина во Владата на Република Македонија, при што на новинарите им откри што правел во Собранието 12 часа.

Тој пред камерата на ТВ21 кажа дека се прават напори да се обезбеди мнозиство.

На прашање до каде е седницата, тој одговори дека е само гостин и дека на Собранието е да одлучи.

Тука сум само гостин, и на Собранието е да одлучи. Се прават обиди да се обезбеди мнозиство. Секако тоа да биде во нормални околности. – рече Заев за ТВ21.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.