Премиерот на Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев, од митингот од Велес, индиректно изјави дека ако не сме членки на НАТО можна е дестабилизација на Балканот

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 септември, 2018 17:26

Заев смета дека ќе има војна ако не помине референдумот?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев, од митингот во Велес вчера индиректно се закани дека доколку државата не влезе во НАТО можна е дестабилизација, бидејќи како што вели тој Балканот во минатото знаел да биде бомбастичен.

Балканот и во минатото знаел да биде динамичен, знаел да биде бунтовен, но знаел да биде и бомбастичен, го гледате пак се разбуричкува некако, сите веќе знаеме што се случува на северот од нас.

Како претседател на владата ги имам сите информации, должност е тоа на службите и домашни и регионални, јас се плашам за нашата земја и имам право да се плашам, оставена од татковци и од дедовци оваа грутка земја треба да си ја обезбедиме, треба да ја осигураме, кажа Заев од Велес.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести