Зимски лудории на премиерот Зоран Заев во зимскиот скијачки центар Маврово.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 февруари, 2019 17:22

Заев со моторчиња се забавувал во Маврово, возејќи се по скијачката стаза

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Премиерот Зоран Заев уживаше со своите другари во популарниот скијачки центар Маврово.

Премиерот Заев заедно со неговите сопартијци и пријатели цел ден уживале во убавините на Маврово и се возеле со АТВ-моторчиња по скијачката стаза.

Како што знае Македонската јавност премиерот Заев е голем љубител на зимските лудории и спортови.

Пред неколку недели после средбата со косовскиот премиер Харадинај, тој летна за Германија на скијање, а зад себе ги остави своите сопартијци да му ја правдаат политиката и смената на името и да го бранат СДСМ.

Заев претходната година исто така замина на скијање во Италија, додека Македонија чекореше по работ на тешката еколошка катастрофа. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.