„Дајте заедно да се израдуваме на овој заеднички успех. Зошто постојано да бараме нешто, да мрчиме, рече премиерот Заев.

Објавил: Перо Милчин | 19 јуни, 2019 11:57

Заев со нова ХИТ ИЗЈАВА:„Радувајте се за земјава, зошто постојано МРЧИМЕ, ДА НЕ ИГРАМЕ ИГРАЧКИ„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев на денешната прес-конференција истакна дека Македонија има добар заклучок за почеток на преговори за ЕУ и според него треба сите да се радуваме на овој успех.

На денешната прес-конференција, премиерот Заев рече дека Македонија има премногу добар заклучок на преговори за ЕУ и дека ова е заеднички успех на целата држава и нема потреба од дополнителни барања.

„Значи таму е кажано во октомври. Важно беше да имаме ваков заклучок кој е сериозна гаранција за сите нас. Целосно имаме безусловена порака, по завршување на реформите, начинот на работење на нашата земја. Треба да го искористиме овој период. Да не си играме играчки. Не постои земја против и граѓаните треба да се радуваат на вакви теми“, истакна Заев.

„Дајте заедно да се израдуваме на овој заеднички успех. Зошто постојано да бараме нешто, да мрчиме. Многу работиме изминатиот период и имаме Антикорупциска комисија која работи конечно“, истакна Заев.

Инаку денеска премиерот преку социјалните мрежи ги покани граѓаните да се пријават и да добијат ваучер за летување.

Започна мерката организиран одмор на работници со ниски приходи. Сите семејства чии месечни примања не надминуваат нето износ од 22.000 денари, можат да се пријават на Јавниот повик и да добијат ваучер во вредност од 15.000 денари.
Корисниците на овие ваучери ќе имаат на располагање голем број категоризирани хотели во земјата, со што го стимулираме и развојот на домашниот туризам, кој во 2018 бележи раст од 12% во однос на 2017, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил повикувајќи ги оние на кои им е потребна парична помош, напиша премиерот Зоран Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести