Зоран Заев ветил отворање на македонскиот Устав, пред членството во ЕУ, и вметнување на  бугарскиот народ во него.

Објавил: Македонка Димкин | 17 јуни, 2021 17:37

Заев со ново предавство: Ќе ги пишел бугарите во македонскиот Устав?

Фото/Текст извор: ©ТВ24

Од Илинденска број 2 – владината делегација во Софија заминала со конретен предлог за надминување на спорот со Бугарија – објави бугарскиот премиер Стефан Јанев – но прецизни детали се уште нема. 

Од своја страна, неговиот македонски колега Зоран Заев вети отворање на македонскиот Устав, пред членството во ЕУ, и вметнување на  бугарскиот народ во него. Заев дециден – ако сакаме да бидеме земја членка на европското семејство треба да имаме европски Устав.  Македонскиот премиер  

Иако изминативе денови во земјава оптимизот попушти – упорноста не, според Заев проблемот со Бугарија е билатерален и така треба да се реши. Предлогот кој денеска Заев го ставил на маса пред техничкиот премиер на Бугарија деновиве ќе се разгледува.  Според македонскиот премиер решението мора да води грижа за двете страни, бидејќи само така ќе има успешна реализација.  

По нивната средба, двајцата согласни – дека се отвара прозорец на можности за решавање на отворените прашања меѓу двете земји, со што ќе се отвори патот за европската перспектива на Северна Македонија.  

„Со години наназад, политиката на Бугарија е ориентирана кон цврста поддршка на европерспективата на С Македонија, Албанија и на другите земји од Западен Балкан за членство во ЕУ. Делегацијата на Заев дојде со конкретен предлог, што ќе го разгледаме сеопфатно и професионално во наредните денови. Констатиравме дека во моментов имаме прозорец на можности да работиме по нерешените прашања за исполнување на Договорот за добрососедство од 2017 година. Сега ни е приоритет да создадеме атмосфера на доверба, пријателство и на дијалог, што ќе им помогне на нашите експерти и политичари да дојдат до решение. Во рамки на овој дијалог, треба прво да ги решиме меѓусебните проблеми, за да не остават проблеми во европското семејство.“ – изјави – Изјава Стефан Јанев – технички премеир на Бугарија – околу 3 минута. 

Прва средба на бугарско тло премиерот Заев оствари со неговиот поранешен колега, Бојко Борисов, од каде доби предупредување дека денешните средби нема да вродат со плод. Според Борисов, бугарскиот претседател и техничката влада лажат и бегаат од одговорност за нов договор.  

Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи – во Софија остварија и средба со бугарскиот претседател Румен Радев. Посетата се случува на една недела пред состанокот на Советот за општи работи на 22 јуни и пред Самитот на ЕУ на 24 и 25 јуни. Вчера бугарското МНР соопшти дека условите за одржување на меѓувладина конференција не се исполнети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.