Во иднина, ние сакаме да го видиме НАТО со поширока политичка димензија и функции. Ова ќе ни овозможи да ги унапредиме политиките во широк спектар на области и да се прилагодиме на новите предизвици, од кои ќе прозлезе зајакната политичката кохезија на НАТО.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 јуни, 2021 6:48

Заев со оценка за НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија со изјава за медиумите го оцени првото учество на Република Македонија на НАТО Самитот 2021 на шефови на држави и влади како полноправна членка на Алијансата.

Во прилог на ова соопштение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Заев во целост:

Самитот 2021 на НАТО на шефови на држави и влади е историски момент и за мене и за мојата земја. Ова е прв самит на НАТО за Северна Македонија како полноправна членка. Тоа е исто така прв Самит на НАТО со 30 членки.

Затоа ова е голем успех за Северна Македонија и за НАТО.

Членството во НАТО е реализација на нашата стратешка цел, а дополнително со нашето членство, Алијансата ја подобри безбедноста и стабилноста на регионот на Западен Балкан.

Македонија, заедно со сите сојузници, се посветени на визијата за Балканот во 21 век, како регион на мир, стабилност и зголемена регионална соработка за економски придобивки и просперитет на сите граѓани.

Силно веруваме дека е потребно сите земји од Западен Балкан да имаат кристално јасна евро-атлантска перспектива. Ставањето на овој дел од Европа во вакуум не е опција. Потребни ни се предвидливи, кредибилни и засилени процеси на интеграција на земјите од регионот во НАТО и ЕУ.

Денес повторно ги потврдивме нашите единство, кохезија и солидарност.

Трансатлантското партнерство е силно како никогаш порано.

Сакам да му се заблагодарам на генералниот секретар Столтенберг за неговото водство во креирањето на агендата на НАТО 2030 во соработка со сојузниците и за широките и инклузивни консултации со многу засегнати страни.

Агендата на НАТО 2030 навремено ги адресира промените во стратешкото опкружување и го прави НАТО подготвен за 21 век. Ние се соочуваме со закани од Русија и предизвици од системски авторитарен натпревар до нашата Алијанса. Треба да сториме повеќе и ќе сториме повеќе за да ги поддржиме заедничките демократски вредности и да го заштитиме меѓународниот поредок заснован на прифатените правила. За таа цел треба ни претстои тесна соработка со истомислениците, главно со ЕУ, но и со други партнери.

Посветени сме да ги зголемиме политичките консултации и координација меѓу сојузниците. НАТО е неопходен за нашата колективна безбедност. Алијансата е суштински трансатлантски форум за консултации за сите прашања поврзани со безбедноста и за усвојување на заеднички одговори.

Драго ни е што сојузниците, преку Агендата на НАТО 2030, повторно се посветија на основните принципи на Алијансата и се согласивме да ги поддржуваме со политички активности и конкретни активности и алатки.

Во иднина, ние сакаме да го видиме НАТО со поширока политичка димензија и функции. Ова ќе ни овозможи да ги унапредиме политиките во широк спектар на области и да се прилагодиме на новите предизвици, од кои ќе прозлезе зајакната политичката кохезија на НАТО.

Денес, по успешниот Самит на НАТО, испраќаме силна и јасна порака: Заедно сме посилни!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести