Тоа го направивме и со Договорот со Бугарија, а го правиме и сега со решавањето на овој спор“, рече премиерот Заев во интервју за ТВ Телма.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 декември, 2020 21:43

Заев: Со решавањето на споровите со Грција и Бугарија, ние го потврдивме македонскиот идентитет

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со решавањето на споровите со Грција и Бугарија, ние го потврдивме македонскиот идентитет и ги афирмиравме придобивките од нив, низ легитимните институции на системот, вели премиерот Заев!

„Како легитимни претставници на извршната власт, со доделен мандат од граѓаните на изборите, нам ни е дадена одговорноста да носиме храбри и тешки одлуки, а истовремено и да го чуваме достоинството и идентитетот.

Ние со договорот од Преспа само го потврдивме и афирмиравме македонскиот народ и македонскиот јазик.

Тоа го направивме и со Договорот со Бугарија, а го правиме и сега со решавањето на овој спор“, рече премиерот Заев во интервју за ТВ Телма.

„Го потврдивме тоа и како членка на НАТО. Ќе бидеме со овој исти идентитет и членка на ЕУ. И сето тоа го направивме низ легитимниот систем на институциите, низ Парламентот, со потврда на Претседателот на државата. Со ратификувани договори. Затоа ја преземаме одговорноста да го решиме на истиот начин и ова прашање.

Институционалниот систем е поставен соодветно за сè што се договара, сè што има правни импликации, сè што влијае на нашата национална посебност, стратегија, интереси на државата институциите мора да го верифицираат институциите и затоа овие прашања не е добро да им се препуштат на партиските амбиции и за политички профит“, нагласи премиерот Заев во интервјуто за ТВ Телма!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...