Од денеска почнува нова историја за Македонија

Објавил: Узунов Бобан | 25 јануари, 2019 15:19

Заев со честитки до Ципрас

Фото/Текст извор: ©магазин

Премиерот Заев не го криеше задоволството од ратификацијата на Договорот од Преспа денеска во грчкиот Парламент.

Тој на социјалните мрежи се заблагодари на Алесис Ципрас за успешното гласање.

Заев на твитер го честиташе ратификувањето на Преспанскиот договор

„Честито мој пријателе Алексис Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа. Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа“, напиша Заев на својот Твитер налог.

 Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск испрати честитка до премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, откако Преспанскиот договор предмалку беше усвоен од страна на грчкото собрание.

 

И претседателот на Европската Комисија ја поздрави ратификацијата на Преспанскиот договор. 

„Тие имаа фантазија, презедоа ризик, беа подготвени да ги жртвуваат своите сопствени интереси за поголемо добро. Зоран, Алексис – добро направено! Невозможната мисија е исполнета“, напиша Туск на својот профил на твитер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести