Макпрогрес е една од најголемите прехранбени компании на Балканот со над 750 вработени.

Објавил: Перо Милчин | 22 февруари, 2020 9:58

Заев со чоколада се најави дека повторно ќе биде ПРЕМИЕР(фото)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска бевме во посета на Макпрогрес, одлична македонска компанија којашто е еден од најголемите извозници и претставува гордост на сите граѓани. Преку 90% нивните програми одат за извоз носејќи девизни приливи на државата, напиша на социјалните мрежи екс премиерот Зоран Заев.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски денеска престојуваа во Виница, при што остварија посета на локалната самоуправа и на прехранбената компанија „Макпрогрес”.

Заев при посетата истакна дека во наредниот период очекуваат отворање на преговорите со ЕУ, а со тоа и отворање на европските фондови, кои на овие компании ќе им бидат поддршка за развој и дополнителна мотивација да вложат во нови машини, во нови капацитети, да го шират своето производство.

Целиот изминат период на сериозни и храбри политички одлуки отвора нови перспективи што досега беа затворени за домашното стопанство, а тоа се долгоочекуваните европски структурни и кохезиони фондови. Ова за Западен Балкан значи 14 милијарди евра, а за Република Северна Македонија се околу две милијарди евра, најчесто за економски прашања и политки. Тоа ќе даде придонес во јакнењето на целокупниот економски стандард.

Компанијата „Макпрогрес” од Виница е наша гордост и потврда за успешно работење, со оглед што 90 отсто од нејзиното производство оди за извоз и на државата ѝ носи девизни приливи. Затоа и во иднина ќе останеме насочени кон домашното производство кое е најсилна гаранција за раст на економскиот стандард на граѓаните, истакна Заев.

Макпрогрес е една од најголемите прехранбени компании на Балканот со над 750 вработени.
Примарната дејност на компанијата е производство на кондиторски производи како и преработка, обработка и доработка на земјоделски зрнести култури.

Макпрогрес е една од најголемите прехранбени компании на Балканот со над 750 вработени.

Од неодамна компанијата влезе и во сегментот на здрава храна. Дел од дејностите со кои се занимава се и малопродажба, угостителство и производство на амбалажа.
Целосното производство е во согласност со HACCP, HALAL и со ISO9001: 2008 QMS стандардите. Сите суровини и финални производи редовно се контролираат во овластени лаборатории за контрола на квалитет.
Со континуирани инвестиции компанијата детерминирано го проширува својот производствен капацитет со цел секојдневно задоволување на потребите на потрошувачите.

Производите се меѓународно познати како високо квалитетни со цени достапни за секого.
Макпрогрес е индустриска групација со силна општествена одговорност.

Со цел придонесување кон одржливоста на општествениот развој, компанијата има активна соработка со локалната заедница, вработените и општеството во целина за овозможување на што поквалитетен живот за сите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...