Пемиерот истакна дека денеска почнуваат со писмена иницијатива на тоа што го разговарале на лидерската во однос на разговорите за законот за јавното обвинителство, Заев рече дека преговорите продолжуваат со цел да се најде решение кое ќе биде поддржано со двотретинско мнозинство или со консензус.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 септември, 2019 12:14

Заев: Строго ги демантирам лагите на Милошоски за притворот на Јанева

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев пред денешниот настан во хотелот „Хилтон“даде изјава за новинарите во која остро ги демантира тврдењата на пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ дека на лидерската средба која траече повеќе од седум часа премиерот рекол дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за 10 дена ќе биде пуштена во домашен притвор.

Антонио Милошовски беше гостин во 24 ТВ каде зборуваше за СЈО и за случајот Рекет

– Строго ги деманитрам ваквите лаги бидејќи на лидерската средба кога се отвораше дебатата зошто воопшто се преговара кога предметите поминуваат во Јавното обвинителство, мојот коментар беше оти од Ирена Фрчковска сум информиран дека е логично Јанева да бара да ги достави предметите заради одговорност, но веројатно и жената да си бара олеснителни мерки во истрагата заради невлијание на сведоците, невлијание на предемтите. И тоа е коментарот за да продолжиме да преговараме. Вака некој со лаги тоа да го злоупотреби е нечесно кон јавноста и нека му е на чест на Милошоски, изјави Заев пред денешниот настан во хотелот „Хилтон“.

Пемиерот истакна дека денеска почнуваат со писмена иницијатива на тоа што го разговарале на лидерската во однос на разговорите за законот за јавното обвинителство, Заев рече дека преговорите продолжуваат со цел да се најде решение кое ќе биде поддржано со двотретинско мнозинство или со консензус.

– Денеска почнуваме со писмена иницијатива на тоа што го разговаравме. Продолжуваме да разговараме и со ВМРО-ДПМНЕ и со другите партии во Парламентот за да изнајдеме решение. Не се откажуваме. Мислиме дека можеме да најдеме решение. Принципилено сме поставени. Апсолутно мислиме дека  авангардни чекори поставуваме отворајќи како понуда обвинителство за гонење на висока корупција кадешто обвинителот ќе биде на предлог на опозицијата, а Парламентот ќе го бира, истакна Заев, додавајќи дека писмените предлози ќе ги каже министерката за правда Рената Дескоска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.