Процесот на попишување кој почна на 5 септември заврши вчера во 20:00 часот.

Објавил: admin@magazin | 1 октомври, 2021 17:30

Заев: Тие што одбиваат да се попишат треба да бидат санкционирани

Фото/Текст извор: ©магазин

Луѓето кој одбиваат да се попишат треба да бидат санкционирани, изјави вчера премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање зошто не побарале да се продолжи рокот на регистрирање и што ќе биде се тие луѓе што не се попишани премиерот Заев, наведе дека сите знаат како тече процесот на попишување, сите знаат дека внатре најголемиот број од податоците ги имаат од базите.

Прашањата кој се прашуваат се неколку етничката определеност, религиската определеност, начинот на одење и враќање од работа или слични прашања. Сите тие прашања или еден процент ако останаа не попишани би биле од две причини. Прво луѓе кој што одбиваат да се попишат и тие треба да бидат санкционирани, изјави Заев!

Процесот на попишување кој почна на 5 септември заврши вчера во 20:00 часот.

По речиси 20 години Македонија конечно се преброи. Точно во 20 часот вчеравечер апликациите за попишување се затворија, a бројките покaжаа помал број на население од последниот попис во 2002 година.

По 26 дена статистичка операција попишани се: 

1. 832 . 696 лица 

568. 175 домаќинства 

837. 255 станови   

А првичната бројка на попишани граѓани во земјава е и скоро идентична со бројот гласачи во Избирачкиот список кои имаат право на глас на локалните избори. Паралено со попишувањето во земјава се попишуваше и дијаспората: 

– Во дијаспората се самопопишале 204 . 805 македонски државјани!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани