Николоски смета дека идејата за помирување која ВМРО - ДПМНЕ ја нудеше порано, сега се користи за класична трговија со правдата и дека тоа воопшто не е чесна намера на Заев

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 ноември, 2018 6:58

Заев тргува со правдата и тоа го нарекува национално помирување

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во гостувањето во емисијата Фактор магазин, потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николоски, за понуденото помирување од страна на Зоран Заев вели дека е со цел да се тргува со правдата.

Иако многу порано, рече Николоски, пред да дојде потребата од гласање на уставните амандмани, ВМРО – ДПМНЕ понуди да се изврши помирување, тоа тогаш беше одбиено.

Сега кога владата има потреба да го спроведе договорот во Собранието да изврши уставни измени, одеднаш Заев нуди помирување. Идејата за помирување е со трговска природа и не е чесна. – истакна Николоски.

Смешни се обидите на владејачката СДСМ да води пропаганда за наводната антизападна ореинтација на ВМРО – ДПМНЕ, рече потпретседателот на опозициската партија, одговарајќи на прашањето „дали ВМРО – ДПМНЕ и намигнува на Русија и дали Русија е алтернативата?“.

Николоски истакна дека партијата останува посветена на реформите за напредок на државата кон ЕУ и НАТО

Не се согласувам, тоа е пропаганда која сака да ја води СДСМ, мислам дека е дегутантно да се убедуваме кој за што е. Зоран Заев првпат во авион за Брисел се качи кога стана претседател на СДСМ, јас половина живот сум го поминал по европските метрополи. Да не зборувам и за претседателот (на ВМРО – ДПМНЕ, Христија) Мицкоски кој има предавано на универзитети во Западна Европа и има докторирано. – рече потпреседателот на ВМРО – ДПМНЕ.

Додаде дека „најисточно“ челнциите на партијата престојувале во бугарската престолнина Софија, и повтори дека станува збор за смешна пропаганда на социјалдемократите којашто нема помин во јавноста.

Николоски потенцираше дека ВМРО- ДПМНЕ останува посветена на реформите се со цел подобри институции и подобар стандард на граѓаните.

Како што рече, изминатиот период во Собранието се изгласале три закона кои биле дел од агендата насочени кон членство во Европската унија и кон членство во НАТО, со што подобар доказ од ова дека ВМРО – ДПМНЕ работи за напредок на државата нема.

Во вторникот во Собранието се изгласаа три закони. Трите закони се донесени со двотретинско мнозинство со наша поддршка и тоа е законот за кривична постапка каде што се овозможува да почне со работа ОТА како контрола на прислушувањето и на УБК, понатаму законот за јавно обвинителство и законот за судови каде што се воспоставува цивилна контрола над работењето на полицијата и Министерството за внатрешни работи. – рече Николоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести