Според потпретседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Николоски, ослободувањето на тројцата пратеници само неколку часа пред гласањето уставни измени е поигрување со нивната судбина

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 октомври, 2018 8:38

Заев “тргува” со правдата по комунистички терк

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски смета дека судството и обвинителството во земјата се под целосна контрола на премиерот Зоран Заев, како во времето на комунизмот.

Според Николоски доколку сте дел од екипата на премиерот, од виновен може да станете невин, а доколку не сте во неговата екипа дури и да сте невин може да станете виновен и обвинителството да ве гони, обинувајќи ја владејачката партија СДСМ дека тргува со правдата.

Ние сме сведоци, периодов од гласањето на уставните измени до денес дека во Република Македонија апсолутно се игра и се тргува со правдата. Па така ако сте во екипата на Зоран Заев, од виновен наеднаш станувате невин, а ако не сте во неговата екипа дури и да сте невин вие сте виновен затоа што апсолутно и судството и обвинителството се ставени под целосна негова команда, како во времето на комунизмот. – вели Николоски.

Според Николоски, јасно е дека пратениците беа ослободени од притвор само за да гласаат за промена на Уставот со цел промена на уставното име, потенцирајќи дека тоа е поигрување со човечки судбини и тоа е трговија со право и правдина.

Видовме на дело во петокот како луѓе кои што беа нарекувани терористи до ден пред да гласаат, наеднаш се промени реториката во однос на нив и како не им се прифаќаа гаранциите со месеци за да излезат од домашен притвор, лично мислам дека требаше да излезат од притвор затоа што не заслужено седат таму бидејќи луѓето не се виновни, а наеднаш магично и чудно точно им беа прифатени барањата за излез од притвор на ден пред гласањето и на денот на гласање.

Тоа е поигрување со човечки судбини и тоа е трговија со право и правдина, заклучи Николоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.