Професорката Силјановска со јасни насоки дека промената на Уставот и преамбулата ќе внесат правен конфликт, ни МПЦ - ОА нема да биде Македонска затоа што ја има во Уставот

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 11:58

Заев требаше по референдумот да си поднесе оставка

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Професорката Гордана Силјановска со оценки за општествениот статус по промената на власта но и за промената на името, уставните измени и пропаднатиот референдум.

Со реторика не се оди во ЕУ, ниту со преспански Договор не се оди во ЕУ. Во ЕУ се оди со европска демократија. Она што се случуваше со преспанскиот Договор не е демократија. Мислев дека ќе има промени по заминувањето на ВМРО ДПМНЕ од власт, но такво нешто не гледам или пак не препознавам.

Раскрстивме со една власт и чекавме нова, која ќе биде поинаква од претходната владина гарнитура . Искрено се сомнeваме дека состојбата е подобра од времето на владеењето на Никола Груевски. Можеби надежите ми биле преголеми. – оцени универзитетскиот професор од Правниот факултет Гордaна Силјановска. 

Силјановска рече дека е погрешна перцепцијата дека со евентуалното прифаќање на името Република Северна Македонија ќе биде потребно само да се направат четири измени во Преамбулата.

Прво, преамбула не се менува туку така кога нас ќе ни текне. Кога се носи нов Устав логично е да има и нова преамбула. Ние веќе еднаш направивме преседан. Ние не можеме да интервенираме во преамбулата кога нас ќе ни текне. Со промената на името ќе треба да се направи серизона ревизија на целиот Устав.

Второ, имам дилема околу тоа дека со еден потег со пенкалото секаде каде што пишува во уставот Република Македонија ќе напишеме Северна Македонија, тоа не е така едноставно.

Синодот на МПЦ-ОА на последниот собир стави јасно до знаење дека го задржува името Македонска православна црква-ОА. Меѓутоа во членот 19 од Уставот стои Македонска православна црква. Ако се водиме според најавите за промени во највискиот правен акт тогаш и таму ќе следуваат измени. Што значи дека нема да биде Македонска православна црква – ОА нема повеќе да го носи тоа име. – рече Силјановска.

Според неа, со преспанскиот Договор има уште многу можности при отварање на секое поглавје од преговроите со ЕУ Грција да ја условува Македонија.

Да бев на местото на Заев ведаш по референдумот ќе си поднесев оставка. И во времето на владеење на претходната власт реков дека Груевски треба да си поднесе оставка за да му овозможи на Судот да отвори постапка, но тој тогаш не се повлече. – кажа професорката од Правниот факултет.

Според Силјановска, ние нема да бидеме европска Македонија без владеење на правото, ние ќе си бидеме балканска Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.