По грешна држава за чествување на грешен Илинден Заев го згреши и гробот на Гоце Делчев

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 11:54

Заев убеден дека во Благоевград се поклонил пред гробот на Делчев?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

115–годишнината од Илинденското востание македонскиот премиер Зоран Заев ја одбележа со бугарскиот колега Бојко Борисов кој пак го чествуваше Бугарското Преображенско востание кое нема историска поврзаност со Илиненското на Македонците.

Премиерите на Македонија и Бугарија беа дел од церемонијата на положување венци и цвеќе на споменикот на Гоце Делчев на плоштадот “Македонија” во Благоевград.

Но Заев очигледно не знае кај бил:

“Јас сум политичар кој што секогаш сака да внимава на изјавите кои не се во корист на нашата Македонија. Илинденското востание е Македонско ако некој граѓанин од Бугарија сака да го чествува – нека го чествува. Јас сум горд што сум првиот премиер што го чествува Илинден како премиер што се поклонува пред гробот на Делчев.” – рече Заев во интервју за 1ТВ.

На овој гаф на македонскиот премиер социјалните мрежи се преплавија со реакции иако Заев не застана тука па се прогласи и за комита.

“Храбри сме и знаеме дека во секој граѓанин на Македонија има по еден партизан и по еден комита! Заедно ја напишавме нашата историја! Заедно ќе ја градиме нашата вековна иднина!” – напиша Заев на својот Фејсбук профил пред трагичната изјава за Делчев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.