Зоран Заев во текот на самитот на НАТО во Лондон, се фотографираше како се ракува со Трамп и при тоа ги објави фотографиите на својот Твитер профил.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 декември, 2019 18:20

Заев успеа да се добере до Трамп и да направи проштална слика?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Нова Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Американскиот претседател Доналд Трамп по што ја искористи можноста да се фотографира со него.

Зоран Заев во текот на самитот на НАТО во Лондон, се фотографираше како се ракува со Трамп и при тоа ги објави фотографиите на својот Твитер профил.

Македонскиот премиер се ракува со американскиот претседател

– Македонската иднина е гарантирана со вакви сојузници. Безбедни, сигурни и стабилни учествуваме во глобални и демократски процеси кои светот го движат напред. Северна Македонија е 30-та членка на НАТО, тоа носи просперитет и сигурна иднина за сите наши граѓани, за сите наши деца – напиша Заев во прилог на фотографиите.

Заев вчера во интервју за МИА истакна дека за него ова претставува историски момент, кога за прв пат Македонија ќе седи на своето место, како земја членка на Алијансата.

– За мене ова е историски момент затоа што дефинитивно седумдесетгодишнината на НАТО, се одржува со триесеттата членка, изјави Заев за МИА.

Премиерот посочи дека се чека само уште Шпанија да го ратификува пристапниот протокол во наредните два месеца, за Македонија да стане полноправна членка на НАТО.  Заев вели дека е голем успех тоа што знамето на Северна Македонија веќе се вее заедно со сите други 29 земји членки на Алијансата.

-Ние ќе седиме на главните состаноци со сите лидери, јас имам свое обраќање како што ќе имаат сите други лидери, ова е историски момент, очекувам дека нашиот народ во Република Северна Македонија ќе биде среќен за овој историски момент, ја постигнуваме една од двете најголеми стратешки определби на нашата земја, која значи траен мир, слобода, демократија, но значи и безбедност, сигурност и веднаш потоа инвестиции и повисоки плати и повеќе надеж за младите да останат во државата, рече Зоран Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести