За време на посетата министрите за култура на двете земји, Боил Баново и Асаф Адеми ќе потпишат „Програма за соработка во областа на културата“ меѓу Република Бугарија и Република Македонија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 февруари, 2019 14:24

Заев утре ќе оди на гости кај премиерот Бојко Борисов

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев утре ќе оствари средба во Република Бугарија со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Од владината прес-служба соопштуваат дека ќе стане збор за развојот во разни сектори и проекти во областа на инфраструктурата и транспортот.

Програмата и средбата ќе започне со заедничко положување на венец пред спомен бистата на Гоце Делчев во градскиот парк „Борисова градина“ по повод 147- годишнината од неговото раѓање. Министерот за култура на Република Бугарија Боил Баново и министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми ќе ги положат венците пред спомен бистата.

Националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски и министерот за култура Асаф Адеми ќе бидат во состав на делегацијата од Зоран Заев.

Исто така за време на посетата министрите за култура на двете земји, Боил Баново и Асаф Адеми ќе потпишат „Програма за соработка во областа на културата“ меѓу Република Бугарија и Република Македонија.

 Бојко Методиев Борисов е бугарски политичар, актуелен премиер на Бугарија. Претходно бил премиер во периодот од 2009 до 2013 година, лидер на партијата ГЕРБ и градоначалник на Софија од 2005 до 2009

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани